KraussMaffei

Еден од светските лидери во производство на машини и системи за процесирање на гума
и пластика

КраусМафеиГруп ја носи титулата за еден од светските производители на машини и
системи за обработка на гума и пластика.

Како дел од нивните бизнис и производни активности, тие вклучуваат комплетна
технологија од секторот на бризгање, екструзија и реактивни машини.

Комбинирањето и успешната имплементација на споменатите технологии е главната
причина зошто нашата компанија се разликува од останатите, нуди уникатни понуди и
одржува завиден статус со години.

Нашата основна цел е задоволување на потребите на нашите клиенти

Го постигнуваме истото преку инвестирање во иновативни, стандардизирани и индивидуални решенија за различни процеси и продукти.

Најдобар показател се нашите задоволни клиенти кои гарантираат за квалитетот на нашите услуги.

KraussMaffei е основана од семејството компании Krauss, Maffei, KraussMaffeiBerstorff и Netstal, кои денеска претставуваат единка. Благодарение на разновидноста на овие брендови, денес можеме да ги понудиме нашите услуги во автомативната, медицинската и градежната
индустрија, како и во производството на електрични и електронски компоненти и апарати за
домаќинство.

Посебно би ја нагласиле нашата страст за машинство и инжинеринг

Би ја нагласиле нашата страст кон машинското инжинерство, коешто е со нас од самите почетоци на овој бизнис , датирајќи од 1839 до денешен ден.

The KraussMaffei Group е посветена кон заштита на околината, и во текот на своето постоење има вложувано во намалување на загадувањето и изнаоѓање на иновативни начини за рециклирање на отпадните материјали. Нашата компанија е оперативна интернационално и функционира во согласност со државните и интернационалните закони, како и конкурентните правила.

Ги дефиниравме принципите на деловниот однос

Како дел од нашиот етички код, ние ги дефиниравме принципите на деловниот однос кои мора да бидат почитувани од сите вработени и партнери за соработка, со цел да обезбедиме сигурна и фер размена на услуги за нашите клиенти.

Како флексибилна компанија, фокусирана на долгорочен успех, веруваме дека транспарентноста е неопходна во било која професионална работа.

Сите наши бизнис процеси се аудитирани и сертифицирани во согласност со стандардот ISO 9001: 2015 од LRQA. На овој начин обезбедуваме највисок квалитет на нашите добра и услуги
за клиентите.

Нашата цел е задоволни клиенти и веруваме дека големината на нашата компанија може да се измери само според успехот и профитабилноста на нашите клиенти.

 

 

Ви треба конкретна понуда

Scroll to Top
Scroll to Top